Без промени за Македонија на најновата ФИФА рејтинг листа

Македонската фудбалска репрезентација остана на 138 место според најновата ФИФА рејтинг листа.

Нема промени на врвот од ФИФА рејтинг листата, каде и понатаму останува Белгија, пред Аргентина на второто место и Шпанија на трето место.

Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Палестина, со скок од +21 места се најде на 110 место, додека пак најголем пад од -24 места има репрезентацијата на Либија која се најде на 105 место.

WebOhrid