По повод одбележувањето на 7-ми ноември, Денот на ослободувањето на Охрид од фашистичката окупација, градоначалникот Никола Бакрачески испрати честитка до граѓаните.
„На граѓаните на Охрид им го честитам 7-ми Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид од фашистичката окупација, изразувајќи благодарност и почит кон сите оние кои во текот на НОБ ги вградија животите за слобода. Искрена благодарност изразуваме и за генерациите охриѓани кои во овие 69 години слободен растеж, се вградија себеси во напредокот на градот.
Долг на сите нас како и на генерациите што доаѓаат е да го дадеме својот максимум за унапредување на развојот на Охрид и да придонесуваме за подобрување на животот на секој наш граѓанин“, – стои во честитката на градоначалникот Никола Бакрачески.