Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, упатува честитки до сите охриѓани по повод 7- ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид со искрени желби за вечен мир, добар соживот и благосостојба.
„7-ми ноември е денот кога ја искажуваме нашата благодарност кон борците кои со своите животи пред 69 лета, допринеле за денешната слобода и чекорење во сопствена држава. Денес ја одбележуваме победата на демократските сили над фашизмот.
Со чествувањата по повод денешниот празник, ние се присетуваме на хероиските подвизи на борците против фашизмот, како завет дека нивните херојства и жртви никогаш нема да бидат заборавени, а слободата за која се бореле ќе ни биде вечна“. – стои во честитката од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.