По повод празникот 7-ми ноември, Денот на ослободувањето на Охрид од фашистичката окупација, Општина Охрид во соработка со Општинската Организација на Сојузот на борци на општините Охрид и Дебарца, организираа низа свечености со кои достојно се одбележува празникот.
Активностите за чествување на празникот започнаа утрово, каде што делегации од Општината, јавните претпријатија, политички партии, од борците и граѓаните положија цвеќе во Спомен паркот на револуцијата.
Делегациите положија цвеќе и пред спомен бистите на борците Мите Богоески, пред Економското училиште, Петре Пирузе-Мајски, пред Општинскиот суд, Спомениците на Андон Дуков и Спас Банџов во Градскиот парк, споменикот на Јасна Ристеска во село Рамне и Споменикот на паднатите борци на градските гробишта Охрид.
Активносите продолжуваат и во текот на денот.
WebOhrid