Градоначалникот Трајкоски оствари средба со раководството на Сојузот на борци

Денес во просториите на Општина Дебарца, градоначалникот Игор Трајкоски, секретарот Илија Дуклески и директорот на ЦОУ „Дебрца“ Иван Димоски одржаа состанок со врвното раководство на Општинската организација на Сојузот на борци за Општините Охрид и Дебарца, претседателот Гоце Ѓеоргиески, потпретседателот Никола Стефаноски и секретарот Снежана Лазароска. На состанокот беше разгледана програмата на 70 годишнината од формирањето на првата МКНОУПБ кое ќе се празнува во с.Сливово и патрониот празник на ЦОУ „Дебрца“ на 11 ноември, во понеделник.

Општина Дебарца е покровител на настанот при што обезбеди парични средства за значајни датуми, настани и личности. Претседателот на Сојузот на борци Гоце Ѓеоргиески искажа голема благодарност до градоначалникот Игор Трајкоски за успешната соработка која е на завидно ниво и се надева дека во догледно време ќе биде уште поуспешна.

SostanokDebarca02