Денес во малата сала на Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ се одржаа финалните борби на меѓународната спортска манифестација „Златен Гонг“ 2013.
Големи победи во своите категории извојуваа македонските боксери Примислав Димовски и Димитар Ташков. Примислав боксуваше против Димитар Лазов од Бугарија и извојува победа со 2:0 додека Ташков боксуваше против Андреј Пешиќ од Србија и победи со 2:0.
За освојувач на „Златен Гонг“ беше прогласен Том Вилсон од Англија кој во финалето го победи Марк Мекоун од Шкотска со резултат 2:0. За најдобар домашен боксер беше прогласен Димитар Ташков, за најдобар техничар Примислав Димовски, за најборбен боксер Атсмер Биљаљи од Албанија, за најдобар странски боксер Марк Мекоун од Шкотска, за најдобар судија Марк Вилијамс и за најдобар тренер Боб Дилан.
На финалните борби им претходеа полуфиналните борби кои се одржаа во петокот во салата „25 мај“ во Радовиш.