Место: Рамне, над Охрид – Време: 21 век – Тема: Екологија – Состојба: Депонија!

И само што ќе посакате од Охрид да се искачите во Рамне, на 3-4 километри повисоко за да можете да уживате во прекрасната панорама на Охрид и Езерото, таму, за жал, ќе Ве пречека нешто типично балканско и несовесно: купишта ѓубре, расфрлано во ливадите и шумите.

Тука сте да уживате со погледот. Ги отворате широко очите кон Охрид и Езерото, но мора да го затворите носот, оти не можете да се воздржите од реата на насобраниот смет и купишта измет тука во Рамне, во планинскиот рај над Охрид. И за час прекинувате и со глетката. Се прашувате: кој тоа таму горе во негибнатата убавина успеал да ја нагрди убавината со својот несовесен и нееколошки чин!? Кој и да е, заслужува да биде казнет и да се поучи дека природата не ни припаѓа нам, туку на нашите поколенија и затоа треба да се однесуваме будно и совесно и да им ја сочуваме чиста и здрава и околината – од езерото до планината!