Од Општина Дебарца известуваат дека во рамките на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2013 година Општина Дебрца изготви барање за финансиска поддршка за обнова и развој на селата Волино, Слатино, Велмеј, Злести, Издеглавје, Лактиње, Песочан, Црвена Вода, Горно Средоречие и Долно Средоречие.
Во состав на Програмата, по претходно барање од страна на Општина Дебрца застапувана од Градоначалникот Игор Трајкоски до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се ОДОБРЕНИ 17.318.400.00 денари.
Со одобрените средства ќе се реализираат проектите во сферата на финансиска поддршка за мерка 322 – Обнова и развој на селата, подмерка 3221 – Изработка на урбанистички план за населени места – села.
Развојот на Општина Дебрца откако е предводена од страна на Градоначалникот Трајкоски продолжува. Со оваа мерка ќе се реализира едно од дадените предизборни ветувања со кое ќе се урбанизира целата општина, кое се оствари за само осум месеци раководење на Општина Дебрца.