Драги мои, кога денес би ја анализирале култната заблуда на Томас Хобс, дека во природата владее војната на секој против секого= bellum omnium contra omnes, истата никогаш не била прифатена во природните науки, затоа што им противречи на сите објективни факти, бидејќи и човечкото битие, онакво какво што е создадено, несовршено, со сите позитивни и негативни елементи, кои се составен дел на човековото битие, сепак има инкорпориран дел на чуство за хуманост, љубов, взаемна почит и конечно толеранција, како врвна човечка цивилизациска придобивка, која не е ништо друго, освен спремност на индивидуалецот да го прифати и почитува, различниот од себе, онаков каков што е. Една мудра изрека вели „не се лоши времињата, туку човекот, како несовршено битие, во даден временски интервал“. Сосема се согласувам со поучната порака, која ја испраќа ова изрека. На Охрид, декласиран, омаловажуван, со целосна ерозија на моралниот систем на вредности, му требаше човек, кој со својата визија, посветеност, пријателски дух и вродена харизма, ќе му го врати сјајот, достоинството и духовноста на Охрид. Охрид, пред се и над се, како духовен центар на Балканот, сосема го доби таквиот квалитет и човек, во ликот и делото на д-р Никола Бакрачески.
Охриѓани, добија човек, другар, пријател и пред се Градоначалник, на кого можат, слободно да положат доверба, бидејќи повеќе од сигурно е, дека нема да бидат разочарани, напротив.
Ако се навратиме на тематскиот наслов, неопходно потребно е да го дефинираме дискурсот на аргументи, за да го оправдаме насловот.
Дозволете ми, драги мои, тоа да го направам хронолошки, но пред тоа да истакнам дека пред фактите и боговите клечат.
Египќанското прашање во Македонија, е мошне комлексно, иако не заслужува таков третман. Денес, над 30.000 Египќкани, од Охрид, Ресен, Струга, Битола, Кичево и цела Македонија, се „жртви“ на едена фабричка грешка, во самиот највисок правен акт, а тоа е Уставот на Р.Македонија. Едноставно, нивното неспомнување во Уставната Преамбула, е солиден извор, на дискриминаторски, а следствено на тоа и прецизирани пречки за нивна неинтеграција во институциите на системот, иако мојот народ е лојален, мирољубив, работлив, како што одамна биле, се и ќе бидат, бидејќи Египќанецот поинаку не знае, не умее, освен да биде лојален на сопствената татковина, на сопствениот ватан/дом/.
Кога сме кај фактите, неопходно потребно е да го потенцирам, драги мои, фактот дека Египќаните, „благодарение“ на нивното неспомнување во Уставната Преамбула, се едни од најголемите фактори на социјален ризик.
Како таква дефинирана категорија, претставниците на овој етникум, благодарение на оваа Влада, предводена од Премиерот Никола Груевски, добија социјални станови, со што го решија едно од најболните проблеми, а тоа е станбеното прашање, понатаму, раритет е да сретнеш семејство, фактор на социјален ризик, а да не прима соодветна социјална помош, сите мерки кои ги презема Владата на Р.Македонија, секогаш се опфатени и Египќаните, и за волја на вистината, денес, слободно и најодговорно можам да потенцирам дека Египќаните, оние од ранивата категорија, се енормно задоволни, што оваа Влада, им го олесни животот. Ниту на крај памет, не ми е до тоа, да бидам „гласноговорник“ на Владата на Р.Македонија, или пак да се „лижам“ едноставно за такво нешто немам потреба, мојата визија и гледање на нештата е да отворам очите на оние кои ги затвориле, да ја разбудам надежта таму каде згаснала, да го покажам патот, на оние кои скршнале по патот на беспакето, патот кој води во провалија, лична но и пошироко, сакам да помогнам, мојот народ да го врати ДОСТОИНСТВОТО, како едно од фундаменталните и основни човекови права, и да престанат да бидат „измеќари“ и подани слуги на одредени индивидуалматеријалисти.
Драги мои, кога говорам за идентитетот, без разлика на одредени недоразбирања/јас, не сум совршен…./ таа е девизата со која се раководам, неопходно потребно е да му се даде голема благодарност, на г-динот Амди Бајрам, кој за време на Уставните измени, и амандманската расправа, после конфликтот во 2001 година, лавовски се бореше, и нашиот етникум, Египќани, како посебен и автентичен, да биде спомнат во Преамбулата на Уставот на Р.Македонија. Не сакам да навлегувам во анализа, зошто тоа не успеа, но треба да му се даде благодарност како на предлагачот, а тоа беше тогашниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, г-дин Рубенс Наумовски, како и нашиот сограѓанин во тогашниот состав на Собранието, д-р Тилев, но во иста мера и на г-дин Амди Бајрам, како пратеник во Собранието на Р.Македонија.
Со таквиот негов потег, онака искрен, пријателски и коректен, де факто г-динот Амди Бајрам, јавно се избори да покаже дека тука, во ова Библиско парче земја, егзистираат и Македонските Египќани, а таа политичка одлука и дејствување, секако вреди за поздравување.
Кога го потенцирам политичкиот субјект ВМРО-ДПМНЕ, го потенцирам и нивниот крајно коректен и пријателски однос кон мојот народ, од аспект што секогаш биле на страната на заштита на етничките заедници, кои не се мнозиство во нашата заедничка татковина. Во таа насока е Донесен Законот за заштита и спречување од дискриминација, Законот за Унапредување на правата на заедниците помалку од 20%, и многу други позитивни прописи, во насока на унапредување на ДЕМОКРАТИЈАТА, како универзална придобивка. Ако, се потрудиме да ги перцепираме работите и нештата објективно, во отсуство на субјективизмот, дефинитивно оддамна требаше нашата земја Р.Македонија, да биде дел од ЕУ И НАТО.
П.С. Правдата е бавна, но секогаш стигнува, а победите добиени со многу напор, посветеност и многу пот, секогаш се послатки. Ние, секогаш го избираме потешкиот пат, и не чекориме на „линија на помал отпор“, бидејќи тоа е својствено само за кукавици…
Со почит, Демир Далип – овластен претставник на Египќаните за надворешна соработка и предводник на движењето ОПЕМ
*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.