Уште едно значајно признание за МВР по успешната реализација на ТЕТРА 2

“Навистина големо е задоволството што и “Виалто Консалтинг“, партиципацијата на македонското МВР, на нашите соодветни служби и полициски службеници вклучени во реализацијата на втората фаза од ТЕТРА проектот, ја оценува како извонредна, стручна и посветена, што меѓу другото говори за нашата подготвеност и на ова поле да постигнуваме одлични резултати“, истакна, меѓу другото, министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска на настанот во МВР на кој што од страна на еден од челните луѓе на “Виалто Консалтинг“ Арон Немеш и беше врачено признание на македонската полиција за успешната и плодна соработка во реализацијата на ТЕТРА проектот за којшто токму “Виалто Консалтинг“ е носител на престижната европска награда “Constantinus international award”.

На настанот на кој што присуствуваа и евроамбасадорот Аиво Орав, како и амбасадорот на Унгарија во РМ д-р Јозеф Бенце, министерката Јанкулоска посочи дека со реализацијата на овој проект за проширување на дигиталниот систем за радио комуникација за потребите на полицијата практично истиот веќе се користи на територијата на сите осум Сектори за внатрешни рабори и четири Регоинални центри на Граничната полиција.

“Воедно  од страна на Секторот за телекомуникации реализирана е обука на повеќе од 8500 полициски службеници за користење на новиот систем, а инсталирани се фиксни терминали во 140 полициски станици, повеќе од 800 мобилни терминали во возилата и 5.000 рачни терминали за полициските службеници на терен. Исто така, инсталирани се неколку апликации во Комуникациско Контролниот Центар кои ја подигнуваат комуникацијата и координацијата на припадниците на Министерството за внатрешни работи на далеку повисоко ниво, односно тоа е стандардизирано со најразвиените земји во Европа“, потенцираше Јанкулоска.

Според министерката Јанкулоска “епилогот на тие наши повеќегодишни напори а благодарение на помошта и поддршката од ЕУ, и од нашите пријатели од “Виалото Консталтинг“ е фактот што денес МВР поседува најсовремен дигитален систем за радио комуникации кој им служи на сите организациски единици на професионален и безбеден начин“.

Инаку, проектот ТЕТРА кој што се реализираше во две фази е вреден околу 5 милиони евра средства обезбедени од страна на ЕУ преку ИПА 2008.