Од прогласувањето на Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, со резолуцијата на Генералното собрание 60/5, почитувањето на овој ден се шири во поголем број на земји на сите континенти.
Овој ден стана важен елемент во глобалните напори за намалување на жртвите во сообраќајни незгоди. Целта на овој ден е да се обрне внимание кон степенот на емоционална и економска штета, предизвикана од сообраќајните незгоди, како и да им се оддаде почит на жртвите, а и признание на службите кои се тука да помогнат.
Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки-мун, истакна дека на овој Светски ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, треба да се обрне внимание на фактот дека секоја година, сообраќајните незгоди одземаат скоро 1.24 милиони луѓе и повредува уште 50 милиони, оставајќи многумина со траен инвалидитет.
„Зад овие статистики се луѓе кои тагуваат, родители, деца, браќа и сестри, колеги и пријатели. Нивната борба не е само од емотивен карактер; сообраќајните несреќи често се проследени со тешки финансиски загуби, со многу семејства ограничени преку губење на глава на семејството или на трошоците поврзани со изгубен приход или со продолжена медицинска нега.
Го поздравувам фактот дека владите се согласија на Декадата за акција за безбедност на патиштата, 2011-2020, со цел за спасување на 5 милиони животи. Ја поздравувам акцијата од страна на повеќето градови низ целиот свет за да се подобри безбедноста на пешаците, велосипедистите и сите други учесници во сообраќајот.
Како што меѓународната заедница работи за да се постигнат Милениумските развојни цели до 2015 година, што јас го нарекувам за поголема акција за безбедност на патиштата, како дел од агендата за идниот развој. Ова ќе биде витална компонента за напорите да се подобри здравјето и да се спасат животи во наредните години.
На овој Светски ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, да работиме за да ги направиме патиштата побезбедни за сите оние кои ги користат. Заедно, можеме да спасиме милиони животи.“ – истакна генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки-мун.
WebOhrid