СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.С.(40) и Г.Г.(34), двајцата од Охрид, за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“. Во текот на септември 2013 година, при извршен претрес во домот на првопријавениот во Охрид се пронајдени двајцата пријавени во моментот додека уживале наркотична дрога марихуана. Со вештачењето е утврдено дека се работи за 0,32 грама марихуана помешана со тутун, а истата ја набавил второпријавениот.