Ристе Мишев официјално ја презеде функцијата в.д. директор на ЈП „Билјанини Извори“

В.д. директорот на Ј.П. „Билјанини Извори“ Ристе Мишев официјално ја презеде функцијата.

На средбата што се одржа во просториите на Јавното претпријатие, беше запознаен со актуелната финансиска состојба во која се наоѓа ова Јавно претпријатие, долговите кои ги има кон доверителите и заостанатите плати кон вработените.

Исто така беше разговарано за тековните и планираните проекти.

По завршување на средбата, в.д. директорот направи обиколка на Јавното претпријатие со цел лично да се запознае со вработените и да се запознае со состојбата во која се наоѓаат дел од објектите.