Известување за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост

Од Локалната самоуправа ги известуваат граѓаните дека е објавен ЈАВЕН ПОВИК за доставување на понуди за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 10 ха и над 10 ха за регионот Охрид. Рокот за доставување на понуди е до 15.12.2013 година.

За дополнителни информации понудувачите може да се обратат до ПЕ на МЗШВ-Охрид, до Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство во Скопје на телефонот 02/3134477 или до општинската Канцеларија за административна и стучна поддршка на развојот на земјоделието на телефон 046/230-175.