Полицијата во Еквадор заплени над два тона кокаин и приведе пет лица во серијата акции кои се спроведоа во југоисточниот дел на земјата.
Според министерот за внатрешни работи на Еквадор, полицијата во градот Пасахе во покраината Ел Оро заплени два тона дрога, 160 илјади американски долари и приведе пет лица.
Во две други акции запленети се околу 700 килограми кокаин, кој бил наменет за Бугарија и Нов Зеланд.
Од почетокот на оваа година досега на Еквадор се запленети повеќе од 50 тони кокаин.