Градоначалникот Трајкоски го посети Песочан

Во рамките на активностите за подобрување на секојдневното живеење на жителите од општина Дебарца во село Песочан се врши реконструкција на јаз (бразда).

Имено се работи за инвестиција на Локалната самоуправа од општина Дебарца предводена од градоначалникот Игор Трајкоски.

Вредноста за изградба на овој зафат е 260.000,00 денари обезбедени од буџетот на Локалната самоуправа. Браздата е со должина од 200 метри и претставува значаен зафат за жителите на с.Песочан особено во летниот период кога е од исклучително значење за наводнување на земјоделските површини.

Градоначалникот Трајкоски денес на лице место ги согледа градежните работи кои се изведуваат на овој зафат и изрази надеж дека временските услови ќе бидат поволни за довршување на градбата во с.Песочан.