Младински совет – Охрид, како Волонтерска инфо точка на националниот волонтерски сервис во Македонија, продолжува со имплементација на петтиот циклус од проектот „Локален Волонтерски Сервис“.
Како дел од проектот објавуваме повик за пријавување на волонтери за пополнување на 8 волонтерски позиции. Корисници на волонтерските услуги ќе бидат: локалните самоуправи и (општинските администрации) правосудните органи (Основни и Апелациони судови, јавни обвинителства), државни агенции на локално ниво и подрачни министерства. Потенцијални волонтери во овој проект се граѓаните со посебен акцент на младите невработени лица и студенти на возраст до 30 години.
За волонтерите кои ќе бидат вклучени во проектот е обезбеден надоместок за покривање на трошоците за пат и исхрана за период од 3 месеци. Волонтирањето ќе бара секојдневен ангажман во работни денови по 4 часа. За волонтерите кои ќе бидат избрани,по пат на селекција, а врз база на предходно пристигнатите апликации, ќе биде организирана обука.
Заинтересираните за волонтирање да се пријават во Младински Совет Охрид, или на е-маил адресата: mladinskisovet_oh@yahoo.com. Рокот за пријавување е 5ти декември 2013 година.
Проектот е поддржан од National Endowment for Democracy (www.ned.org).