Општина Охрид се вклучи во формирањето на социјално-економски совет на локално ниво

Со трибината, што денес се одржа во просториите на општинската зграда, Локалната самоуправа се вклучи во кампањата за формирање на економско – социјални совети на општинско ниво. Целта е поттикнување на соработката помеѓу сеоцијалните партнери – синдикатите, работодавците и локалната самоуправа.

„Формирањето на заедничкото економско-социјално тело, сметаме дека ќе значи институциализирање на социјалниот дијалог, кој понатака ќе треба да донесе поприфатлива материјална  и економска положба и на работниците и на работодавците во општината, како и поттикнување на методите за мирно решавање на работните спорови“. – изјави градоначалникот Никола Бакрачески.

„Како локална власт, заинтересирани сме за отпочнување на системски дијалог помеѓу сите социјални партнери, чија што основна цел ќе претставува усогласување на потребите, барањата и реалната можност за подобрување на социо-економската состојба на нашите граѓани. Во таа смисла општина Охрид, ја подржува иницијативата и во рамките на законските можности ќе ја стимулира секоја форма за воспоставување на дијалог помеѓу сите субјекти. Нашата цел, подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и инвестирањето во проекти кои ќе ги зголемат економските параметри на општината е дел од економската политика и мерките за социјален развој и стабилност на општина Охрид“. – додаде градоначалникот Никола Бакрачески.

Локална самоуправа очекува предлозите, мислењата и препораките кои ќе произлезат од денешната трибина да претставуваат основа за натамошна соработка. 

Општина Охрид ќе го поддржи секој дијалог кој ќе има придонес за разрешување на актуелни социо–економски прашања во општината.

Ekonomski_sovet_4852 Ekonomski_sovet_4851 Ekonomski_sovet_4854