Врз основа на член 22 став 1 точка 4 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/2002), општина Дебарца ги известува сите жители на населените места на општина Дебарца дека организира јавен линиски превоз на патници. Поради тоа Ве повикуваме да дадете мислење за организирање на број на линии како и време на поаѓање до секое населено место, најдоцна до 2 декември 2013, со што би можеле да се вклопат во мрежата на линии во меѓуопштинскиот превоз, заради подобро и пофункционално организирање на линискиот превоз низ населените места во општината.
Телефон: 046/286 855
Лице за контакт: Даниел Паункоски
Општина Дебарца
Градоначалник
Игор Трајкоски