Над 50 лица ги загубија животите, а 38 се повредени при уривање на кровот од еден од најпрометните супермаркети во главниот град на Летонија, Рига.
Околу 18 часот по локално време, супермаркетот бил преполн со купувачи. Одеднаш се срушил дел од кровот, а веднаш потоа и ѕидовите. По 20 минути, паднал уште еден дел од кровот. Луѓето се обиделе да излезат надвор, но не можеле, бидејќи електронските врати биле затворени.
Во акцијата за спасување учествувале над 60 војници, а помеѓу настраданите се и тројца спасувачи. Се стравува дека под урнатините има уште жртви.
Причината за уривањето не е позната, а започната е истрага за утврдување дали објектот е изграден според сите прописи.