Бил Гејтс вложува милион долари во презервативи

Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс вложува милион долари за изработка на попријатни видови презервативи, со цел борба против полови болести.

Тим од американски експерти веќе работи на изработка на пофини презервативи, додека пак истражувачи од американскиот Универзитет во Орегон работат на изработка на ултратенок презерватив од полиуретански полимер.

Меѓутоа, вниманието на фондацијата Гејтс го привлекло истражувањето на калифорниската лабораторија Апекс Медикал Технолоџи од Сан Диего кои работат на изработка на презерватив од колагени влакна добиени од телешки тетиви.

Експертите од Сан Диего ќе добијат донација од милион долари од страна на Бил Гејтс, за продолжување на истражувањата кои ќе им овозможат на корисниците далеку поголемо уживање во текот на односот, бидејќи презервативот е изработен од пофин и потенок материјал кој се прилагодува на обликот и овозможува поголема чувствителност.

Новиот материјал нема повеќе да прави алергиски реакции на кожата како што до сега беше случај со презервативите од вештачки материјали.

Лабораторијата која уште работи на експерименталната фаза ќе биде снабдена со материјал од една кинеска продавница за храна, но во случај да се почне со производство, тие ќе мора да се обратат до големите кланици.