Металург му се одмазди на Вардар

Македонскиот вицешампион Металург го победи шампионот Вардар со 26:18 и успеа да му се одмазди за поразот пред 10 дена во рамките на Лигата на шампиони. На Националната Арена „Борис Трајковски“ во Скопје, овој дуел го добија „гостите“, ракометарите на Металург.

И покрај тоа што на полувреме Вардар водеше со 12:10, со почетокот на второто полувреме Металург покажа дека е посериозен противник на овој натпревар, со серија од добри напади кои резултираа со дури 16 погодоци, а само 6 примени голови. Металург успеа да го добие натпреварот со висока предност од 26:18.

По 6 одиграни рунди во групата Ц од Лигата на шампиони, Барселона е на првото место со 11 бодови, Металург на второ со 8 бодови, ПСЖ на трето место со 7 бодови, Вардар со 6 бодови на четврто место, на петто место Динамо Минск со 4 бодови, додека пак последнопласиран е тимот на Вакер Тун без бодови.

WebOhrid