8 кандидати ги исполнија условите за Повелба – Патрон на Градот „Св.Климент Охридски“

Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија при Советот на Општина Охрид, составена од советниците Дејан Пановски-претседател, Јованка Точко, Оливија Пирузева Јанева, Александар Калачоски и Коста Трифуноски (отсутен) на седницата одржана на ден 25.11.2013 година ги разгледа пристигнатите кандидатури по конкурсот за доделување на Повелба – Патрон на Градот „Св.Климент Охридски“ и констатира дека 8 кандидатури ги исполнија условите согласно објавениот Конкурс.

По отворањето на понудите и поддршките кандидатите за овогодинешната Повелба се следни :

  • Миланка Новеска, за промоцијата на Охрид низ соло настапите во Македонија и на меѓународно ниво.
  • Стефаноска Славица, за хуманитарна активност во здружението за глуви и наглуви лица.
  • Ленче Шикоска Башоска, за негувањето на традиционалните вредности во Охрид.
  • Армин Мохар, стопанственик, сопственик на текстилна фабрика.
  • Стојан Стојаноски, за објавените фотографии од Охрид на светски медиуми.
  • Акцијашкиот клуб ”Брег на младоста”- за негување на акцијаштвото.
  • Пековска Виолета, за стручна дејност и трудови во образовната сфера.
  • Петар Голабоски, за промоција  на Охрид преку боречките вештини Аикидо.

Со јавното објавување на имињата на кандидатите, изразуваме почит и поттик кон секој од кандидираните за нивниот придонес во афирмацијата и развојот на Охрид и за промовирање на позитивните вредности на Градот.

Комисијата ќе ги разгледа кандидатурите и на следниот состанoк ќе се произнесе за доделување на Повелбата Св.Климент Патрон на Охрид.