Товарен воз кој пренесувал пченка излетал од шините и удрил во куќи при што загинале најмалку 8 лица, додека пак 6 се повредени. Несреќата се случила на југоистокот од Бразил, додека возот поминувал низ населениот кварт од градот Сао Хозе де Рио Прето.
Полицијата изјавила дека девет вагони кои излетале од шините удриле во четири куќи, при што загинале две деца, четири жени и двајца мажи, но исто така дека постои можност под урнатините да има уште жртви.
Се истражуваат причините за несреќата, а според очевидци, возот ја зголемил брзината пред несреќата.