На конкурсот од издавачката куќа Дата Песнопој од Битола, за необјавена збирка песни, необјавен роман и необјавена збирка раскази од 47 ракописи на македонски јазик, 2 ракописи од Република Србија и 1 од Република Бугарија, во категоријата поезија необјавената стихозбирка „Во преграб на мигот“ од Пере Ристески ја освои наградата „КНИЖЕВЕН СВЕТИЛНИК“.
Во оваа негова трета стихозбирка, Ристески се јавува со еден двојно камерен лирски циклус: првиот – сите песни се катрени, и вториот – целата збирка е составена од 25 посебни песни поделени во три целини: Еден бистар, проѕирен миг, Еден миг потоа и Еден последен миг.
Со добивањето на наградата, Ристески обезбеди учество на Меѓународната средба Балкански книжевни координати на литерати, творци од целиот Балкан.