Заменик градоначалник на општина Охрид е Ангел Јанев

Градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески денеска информираше дека за заменик градоначалник на општина Охрид е поставен советникот Ангел Јанев, онака како што пропишуваат законските прописи.

„Јас мислам дека прочитав некаде на медиумите дека имаше забелешка околу тоа дали е поставен заменик. Заменик е поставен навремено. Значи, заменик градоначалник на општина Охрид е Ангел Јанев, досега можеби не се укажала популаризација на функцијата заменик градоначалник, меѓутоа навремено е направено онака како што пропишуваат законските прописи“. – рече градоначалникот Бакрачески.

WebOhrid