Заменик-претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески попладнево во Брисел на бизнис форум меѓу Македонија и Белгија ги повика белгиските бизнисмени да го следат примерот на „Ван Хол” и да инвестираат во Република Македонија, која според него е „земја со најниски даноци”.
На денешната презентација во бизнис-центарот “Дијамант”, Ставревски, но и министерот за привлекување странски инвестиции Бил Павлески, министерот без ресор Хади Незир и директорот на Агенцијата за привлекување на странски инвестиции Висар Фида, пред голем број на претставници на белгиски компании ги презентираа можностите за инвестирање во нашата земја.
„Овие два дена во Брисел ќе ги искористиме за интензивни средби со бизнисмените од Кралството Белгија што досега немале можност да слушнат за можностите да инвестираат во Македонија или не ги знаат сите детали, да ги презентираме условите што ги нуди Република Македонија и тука имаме многу што да кажеме. Како што беше случај денеска, пред присуство на бизнисмени од различни сектори и области, можевме да ги презентираме работите по кои Македонија стана препознатлива изминатите години, а тоа се најниски даноци во Европа, едноставна бизнис-клима каде има помалку бирократија и полесно е да се води бизнисот и атрактивноста на слободните економски зони кад екомпаниите добиваат дополнителни погодности“, – потенцира Ставревски во изјава за МИА.
Според вицепремиерот и министер за финансии, горепосменатите поволности, заедно со квалификуваната и конкурентна работна сила се предностите на Република Македонија што се нудат на заинтересиранитеупатувајќи на позитивнио пример со компанијата за производство на автобуси „Ван Хол”, која започна да инвестира во Македонија и веќе произведува.
Токму Филип ван Хол, првиот човек на оваа компанија, одржа презентација пред присутните рече дека се среќни и задоволни од инвестицијата во Македонија, каде веќе се продуцираат македонски автобусипосочувајќи дека нашата земја е добра локација за извоз оти се наоѓа меѓу Европа и Среден Исток и Израел.
„Во Македонија имаме 300 вработени и индиректно обезбедуваме работни места за уште 80 лица. Идната година ќе вработиме уште 100 лица, поради позитивното искуство пред се со компаниите со кои имааме соработка, но и со Владата на земјата која ни овозможува добри услови. Веќе инвестиравме 25 милиони евра во Македонија и се движиме кон 30 милиони евра оти сме среќни со оваа инвстиција. Слободните економски зони се многу важни, Македонија е мала земјаинемаме бирократски проблеми“, рече Ван Хол.
Според вицепремиерот Ставревски, тој очекува да се зголеми интересот на белгискитете бизнисмени за Македонија оти според него дел од нив може да го пренесе својот бизнис во Македонија, каде го имаат истиот квалитет на општ амбиент за работење, но пониски трошоци и истите може да ја искористат земјата за проширување на својот бизнис како мост да извезуваат во некои други земји како од Блискиот Исток или од Северна Африка.
„Настаните денеска и утре во Брисел ќе ги искористиме и за политички средби на високо ниво. Па, така, јас утре ќе се сретнам со вицепремиерот и министер за економија за Белгија, Јохан Ваделоте, со кого ќе разговараме за можноста за проширување на трговската соработка, инвестициите и економската соработка меѓу Кралството и Македонија. А, во Директоратот за проширување на Европската унија веќе разговаравме за можноста за добивање на новите средства од Инструментот за предпристапна помош (ИПА) за периодот 2014-2020 година, за алокацијата на ресурсите и секторите во кои ќе биде дадена таа помош и за начинот како Македонија ќе ја добие таа помош. Имаме ветување од нивна страна дека и понатмау Македонија ќе добива значителни средства од ИПА-фондовите и ние ќе направиме за максимално да ги искористиме средствата во следниот период“, додава македонскиот министер за финансии.
Една од рбаотите за која Ставревски и Ваделоте утре ќе разговараат и избегнувањето на договорот за двојно оданочување меѓу двете земји со оглед на тоа што македонската и белгиската Влада го имаат потпишано овој документ уште во 1998 година, но иако Собранието на Република Македонија го усвои, овој документ се уште не е ратификуван од белгискиот парламент за да целосно стапи на сила.
Во текот на утрешниот ден, вицепремиерот Ставревски, заедно со министерот Павлески и директорот на “Инвест Македонија”, Фида, ќе имаат и средба со делегацијата на белгиската компанија “Унивег”, но и вечера со градоначалникот на бриселската општина Сен Жост, Емир Кир и бизнис-форум со турската бизнис-заедница во Белгија.