Сојузот на борци од Охрид и Дебрца го одбележа 29-ти Ноември

Во просториите на Сојузот на борци од Охрид и Дебрца, денес со историски час на професорот во пензија Наце Иваноски, борците и граѓаните продолжувачи ја одбележаа пригодно 70 годишнината од формирањето на поранешната држава Југославија и федерална Македонија, која беше во нејзин состав.

Историчарот Наце Иваноски даде свој осврт за значењето на АВНОЈ од 1943 година, а воедно упати порака, младите луѓе, да не го заборават значењето на овој ден.

Од Сојузот на борците Охрид се надеваат дека во иднина овој ден ќе се чествува со поголем интерес.

„Сепак на овој ден беа удрени темелите на Република Македонија во составот на поранешната држава Југославија, кој следствено на тоа станавме и Независна држава Р.Македонија“, велат Охридските борци и граѓани продолжувачи.

Т.А.