Белгиската полиција и царина запленија седум тони канабис скриен во товар со кокос од Африка.
Дрогата, чија вредност на улиците се проценува на 14 мииони евра, откриена е во товарно возило кое превезувало кокос во близина на западниот град Ипра во близина на границата со Франција. Веднаш потоа, откриено е и друго слично возило, исто така со голема количина на дрога во Антверпен, белгискиот трговски центар.
Властите соопштија дека не можат да се соопштат детали поврзани со ввтората заплена, но сигурно станува збор за рекордно запленета количина.