Започнаа активностите за одбележување на Светскиот ден за борба против СИДА и Неделата на борба против СИДА

Под мотото „ДА СТИГНЕМЕ ДО НУЛА“ Црвен крст Охрид во соработка со НВО Опција, Центарот за јавно здравје и Локалниот совет на млади започнаа соактивности за одбележување на  Светскиот ден за борба против СИДА и Неделата на борба против СИДА.

Денеска на Градскиот плоштад граѓаните имаа можност да го дознаат својот ХИВ статус преку тестирање за вирусот на ХИВ со брзи-рапид тестови, како и добивање на корисни совети од страна на стручни лица, за начинот на превенција и заштита од ХИВ/СИДА.

Во периодот од 12 до 16 часот по охридсите кафулиња и на минувачите, од страна на едукатори за ХИВ/СИДА, им се делеа кондоми, панделки и флаери проследено со кратки едукативни презентации.

Во 17 часот на Градскиот плоштад имаше собир на младите кои формираа голема црвена панделка, презентираа едукативни клипови за ХИВ/СИДА на видео бимот, делеа кондоми, флаери, совети на присутните и оригами производи поврзани со Светскиот ден за борба против СИДА.

CrvenKrstDenSIDA_1 CrvenKrstDenSIDA_2 CrvenKrstDenSIDA_3