Воз излета од шините во Њујорк, најмалку 4 жртви

Четири лица загинаа, а над 60 се повредени кога патнички воз излетал од шините во Бронкс во Њујорк.

Околу 10 лица се тешко повредени, додека останатите поминале со полесни повреди.

Возот излетал од шините на кривина во близина на реката Хадсон, при што од шините излетале пет од вкупно седум вагони.

Причините за несреќата сеуште не се познати.