Со започнување на месец декември „Паркови и зеленило“ започнаа со засадување на цветниот саден материјал кој ќе ги разубавува парковите во Охрид во зимскиот период. Планирано е од цветната реколта која е од сопствено производство да се засадат 50.000 садници од видот viola (очиња), како и 10.000 садници од видовите dianthus (каранфилчиња) и belis (белис).
Со разубавување ќе бидат опфатени: Градскиот парк, Плоштадот, кружните сообраќајници, парковската површина од зградата на Локалната самоуправа, „Булевар Туристичка“ и други зелени површини во градот.