Во Франција спречен шверц на оружје од Балканот

Во Франција се уапсени 45 лица осомничени за меѓународен шверц на оружје од Балканските земји и од Словачка, соопшти француската полиција.

Тие уште во 2009 година учествувале во шверц на стотина парчиња оружје, муниција и делови од оружје од Балканот.

Лицата се уапсени во повеќе градови во централниот и јужниот дел на Франција и во француските прекуморски територии.

Истрагата започнала во февруари 2012 при претрес на стан од еден осомничен за кражба, при што биле пронајдени дваесетина парчиња оружје меѓу кои и воено наоружување.

Првите резултати од истрагата покажале дека оружјето потекнува од шверцерска група од Словачка која била поврзана со балканска банда.