Интензивирани активностите пред празникот 8-ми декември

Пред претстојниот празник 8-ми декември – „Св.Климент Охридски“, кој воедно се одбележува како Ден на Општина Охрид, Ј.П. „Охридски Комуналец“ ги интензивира своите активности околу одржувањето на јавната чистота и јавното зеленило. Темелно се чистат и уредуваат јавно-прометните и зелените површини каде по повод празникот ќе се одржуваат свечености: Градскиот плоштад, дворот од О.У. „Климент Охридски“ и сите пристапни патеки кои водат до училиштето, патеката до Плаошник, просторот околу Центарот за култура „Григор Прличев“ и др.  Во градскиот парк продолжува акцијата за засадување на зимската цветна реколта, а на Градскиот плоштад клупите и садовите за депонирање ситен отпад ќе светнат во нова боја.