Двајца падобранци загинаа во јужна Аризона, откако се судриле во воздух, поради што нивните падобрани не се отвориле правилно и паднале на земја. Еден од нив бил мртов на лице место, додека пак другиот починал во болница.
Според очевидците, двајцата падобранци ги повлекле рачките за отворање на падобранот, но се судриле на висина од 60 до 90 метри над земјата.