ЈП „Билјанини Извори“ организира кошаркарски турнир „Кошарка за сите“ за лицата со попреченост

Одбележувајќи ја Европската кошаркарска недела за лица со попреченост „Кошарка за сите“ Ј.П. „Билјанини Извори“ организира општински кошаркарски турнир за лицата со попреченост.

На кошаркарскиот турнир  „Кошарка за сите“ што вечерва од 17 часот ќе се одржи во спортската сала „Билјанини Извори“ учество ќе земат лица од охридските здруженија на лица со попреченост.

Со оваа манифестација Ј.П. „Билјанини Извори“ ги продолжува активностите во рамките на одбележувањето на 3 Декември, меѓународен ден на лицата со хендикеп и се придружува кон севкупните активности на општина Охрид на овој план.

Со цел успешна реализација на проектот „Кошарка за сите“ Ј.П. „Билјанини Извори“ навремено оствари контакт со претставници на здруженијата на лица со попреченост и ги заврши сите организациски подготовски за овој значаен спортски настан.

Инаку, Ј.П. „Билјанини Извори“ има потпишано Меморандум за соработка со сите здруженија на лица со попреченост во општина Охрид, врз основа на што се организираат и други заеднички активности во текот на годината.