Заврши петнаесеттата седница на Советот на Општина Охрид

Советот на Општина Охрид, на денешната седница, ја прифати информацијата на градоначалникот Никола Бакрачески посветена на  Извештајот за спроведената ревизија од страна на државниот завод за ревизија за работата во 2012 година и отстранувањето на забелешките од нивните извештаи во изминатите две години. Беа прифатени и физибилити студијата  за изградба на новиот пазар, нацрт-фискалната стратегија и развојните програми на Општина Охрид во 2014 година и извештајот за реализацијата на меѓународниот кошаркарски турнир.

Советниците ги прифатија извештаите за работа и остварените резултати на МЈП „Проаква“ – РЕ „Водовод“ – Охрид за периодот од 1 јануари до 30 септември 2013 година како и тримесечните извештаи за периодот од 1 јули до 30 септември оваа година на ЈП „Охридски комуналец“, ЈП „Никоградба“, ЈП „Погребни услуги“, ЈП „Билјанини извори“, ЈП „Градски пазар“ и ЈП „Градски гробишта“. Беше измената одлуката за именување членови во Управниот одбор на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, а беа утврдени и надоместоците за краткотраен закуп за поставување на времени објекти.

Од урбанистичката сфера беа прифатени предлог- одлуките за поставување урбана опрема за 2013 година, за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето и за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на трасата на сообраќајна инфраструктура, за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето КП .бр.1482 и 1499 КО  Трпејца, за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на трасата на сообраќајна инфраструктура на КП. бр 1526  КО Рамне, за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска докуметација со цел вклопување на бесправните објекти (КП.1949 КО Велгошти), за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска докуметација со цел вклопување на бесправните објекти ( КП.2730 КО Велгошти) , за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект КП бр. 2765/1 КО Велгошти, за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко планска докуметација со цел вклопување на бесправните објекти ( КП.2865/4 КО Охрид 4) ,за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на трасата на сообраќајна инфраструктура на КП. бр 8655/1  КО Охрид 1 и за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето КП.бр. 13248/1 КО Охрид 3.

15_sednica_4851