Одржано 5-то годишно собрание на ПОДЕМ

Во присуство на бројни делегати од месните организации, гости и симпатизери вчера во Охрид, Општинската Организација ПОДЕМ од Охрид го одржа V-то Годишно Собрание.

На присутните им се одбрати претседателот на ПОДЕМ, проф. д-р Живко Јанкулоски. Во демократска и конструктивна атмосфера најпрво се усвои извештајот за работењето на ОО ПОДЕМ Охрид во претходната година, а потоа беа избрани членови на Извршниот одбор, Надзорниот одбор и на Централниот одбор. За нов претседател на ОО ПОДЕМ Охрид беше избран дипломиран биотехнички инженер Јованчо Стенкоски.

Podem1 Podem2 Podem3