Непречено работи спортската сала во Велгошти

Спортската сала, „Тодор Александров“, сместена во дворот на ОУ „Живко Чинго“ во село Велгошти е во целосна употреба. Децата од училиштето часовите по фискултурно образование ги реализираат во неа, наскоро салата ќе биде изнајмувана и за комерцијални потреби.

Спортската сала во Велгошти, официјално беше пуштена во употреба во март годинава од страна на Премиерот Никола Груевски. Овој објект години наназад чмаеше полу изграден со нерасчистени имотно-правни односи, оштетени ѕидови и искршени стакла. Реконструкцијата на салата започна на 21 септември 2012 година. 

Вредноста за реконструкцијата, санацијата и адаптацијата на спортскиот објект изнесуваше 23,6 милиони денари, а финансиските средства Агенцијата за млади и спорт ги обезбеди преку Владата на Република Македонија, во рамки на проектот за изградба на 35 спортски сали.

Sportska_sala_Velgosti_4852 Sportska_sala_Velgosti_4851 Sportska_sala_Velgosti_4853