Уште една активност на охридскиот Црвен крст – продажба на хуманитарни честитки

Во наредниве неколку денови Црвениот крст од Охрид ќе спроведе уште една активност, а тоа е продажба на хуманитарни честитки, кои што се изработени специјално за празниците кои што следуваат.

„Иако можеби малку делува застарено, можеби не толку многу праќаат честитки веќе во ова ново модерно време, сепак мислиме дека тоа е еден многу убав начин на изразување и честитање на оние празници кои ни следуваат. Цената на честитките е многу симболична 30 денари со коверт.“ – изјави Антонио Додевски, секрeтар на Црвен крст – Охрид.

Хуманитарните честитки се изработени со мотив на Националниот Парк Галичица. 

„Сакам да упатам апел до сите граѓани, особено до компаниите кои имаат обичај да купуваат, да ја изразуваат нивната хуманост преку купување на вакви честитки, да се вклучат во најмасовното и најхуманото  семејство“. – истакна Додевски.

Додевски напомна дека во наредните денови волонтери на Црвениот крст Охрид ќе бидат постојано присутни низ центарот на градот, по сите локали каде што има поголема фреквенција на луѓе. Исто така тој додаде дека сите заинтересирани компании, фирми кои сакаат да купат поголем број на честитки можат слободно да се обратат до охридскиот Црвен крст.

CestitkiCrvenKrst02

Т.А. / WebOhrid