Ј.П. „Билјанини Извори“ по повод новогодишните празници организира голема новогодишна забава за деца. Забавате е плод на досегашната успешна соработка со ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, Здруженијата за лица со попреченост како и со сите основни школи на територијата на општина Охрид. Покровител на новогодишната забава е Општина Охрид и градоначалникот Никола Бакрачески.
Настанот ќе се одржи во спортската сала „Билјанини Извори“ на 25-ти декември (среда) со почеток од 18 часот. На забавата ќе има многу музика, игра, пеење и многу други изненадувања за најмладите.
Ј.П. „Билјанини Извори“ го поканува сите баби, дедовци, родители, а посебно најмладите охриѓанчиња да бидат дел од оваа предновогодишно наше дружење.