На 4 декември 2000 година, Генералното собрание на ОН, водејќи сметка за зголемувањето на бројот на мигрантите ширум светот, го прогласи 18 декември како Меѓународен ден на мигрантите. На 18 декември 1990 година, Генералното собрание ја усвои Меѓународната конвенција за заштита на правата на сите работници-мигранти и членовите на нивните семејства.
Земјите-членки на ОН и меѓувладини и невладини организации се поканети да го набљудуваат Меѓународниот ден на мигрантите преку ширење на информации за човековите права и основните слободи на мигранти, и преку размена на искуства и разни активности да се обезбеди нивна заштита.
На дијалог на високо ниво за меѓународна миграција и развој во октомври 2013 година, земјите-членки едногласно ја усвои Декларацијата во која тие го согледаа значајниот придонес на миграцијата за развојот и повикаа на поголема соработка со цел да одговори на предизвиците на нерегуларната миграција и да се олесни безбедна, уредна и редовна миграција. Декларацијата, исто така, ја нагласи потребата за почитување на човековите права на мигрантите и да се промовираат меѓународните стандарди на трудот. Декларацијата ги осудува расизмот и нетолеранцијата и ја нагласува потребата за подобрување на јавната перцепција на мигрантите и миграцијата.
Во својот извештај до Генералното собрание во октомври 2013 година, генералниот секретар стави амбициозни осум точки на агендата да се „направи миграцијата да работи“ за сите: мигрантите, општествата на потекло и општествата на дестинацијата исто така. „Миграција е израз на човековата аспирација за достоинство, сигурност и подобра иднина. Тоа е дел од социјалната структура, дел од нас како човечко семејство“, рече генералниот секретар во својот коментар.
„Постојат 232 милиони луѓе кои живеат надвор од својата земја на раѓање, вклучувајќи ме и мене“, – додаде Генералниот секретар на ОН, Бан Ки -Мун.