Во петок Годишен концерт на градскиот хор во Центарот за култура

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, во малата сала во петок, 20 декември со почеток во 20 часот ќе се одржи годишен концерт на градскиот хор. Уметнички раководител на Хорот е Александар Димоски. Влезот ќе биде слободен.