Истекува рокот за поднесување на барања за отпис на камати на достасани обврски

На 31 декември 2013 година истекува рокот за поднесување на Барања (образец “БОК-ПЗСО”) за отпишување на пресметаните неплатени камати по основ на достасани обврски за придонеси од задолжително социјално осигурување кои настанале во периодот од јануари 2009 година, заклучно со декември 2012 година.

УЈП апелира, обврзниците да не го чекаат последниот рок за да ја искористат можноста за отпишување на каматите во износ од:

100% камата ако исплатата на заостанатите обврски за кои е поднесено барањето подносителот ја изврши во рок од шест месеци од денот на поднесувањето на барањето и редовно ги исполнува достасаните тековни обврски.

75% камата ако исплатата на заостанатите обврски за кои е поднесено барањето подносителот ја изврши во рок од 12 месеци од денот на поднесувањето на барањето и редовно ги исполнува достасаните тековни обврски.

50% камата ако исплатата на заостанатите обврски за кои е поднесено барањето подносителот ја изврши во рок од 18 месеци од денот на поднесувањето на барањето и редовно ги исполнува достасаните тековни обврски.

За повеќе информации за начинот на остварување на правото за отпис на камати посетете ја интернет страницата на УЈП на следниот линк http://ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/378, обратете се во Инфо центарот на УЈП на 0800 33 000 или контактирајте преку е-пошта: info@ujp.gov.mk