Македонија ќе ја дочека Новата Година на 83-то место според ФИФА

Репрезентацијата на Македонија забележа скок од едно место на ФИФА рејтинг листата. Според денешната најнова листа, фудбалската репрезентација на Македонија се најде на 83 место.

Нема промени на врвот на ФИФА рејтинг листата, каде се наоѓаат Шпанија, Германија и Аргентина.

Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Сејшелите, со скок од +24 места се најде на 176-то место, додека пак најголем пад имаше репрезентацијата на Куба од -53 места и се најде на 100-то место.

WebOhrid