Во организација на Јавното претпријатие за државни патишта на ден 26.12.2013 година (четврток) ќе се одржи презентација и јавна расправа по Извештајот за стратегиска оцена на животна средина за проект за инфраструктура за изградба на експресен пат А3 Косел (врска со А3) – Охрид – граница со Р. Албанија, делница: Охрид – Пештани, во должина од 14,943 км (км 9+325,96 до км 23+819,91).
Презентацијата ќе се одржи во просториите на општина Охрид, во „Голема сала“, со почеток во 12:00 часот.
Извештајот за стратегиска оцена на животна средина за проект е достапен во ЈП за државни патишта (ул. „Даме Груев“ бр. 14, Скопје) и во општина Охрид (ул. „Димитар Влахов“ бр. 57, Охрид), а во електронска форма, достапен е на следните интернет страници:
www.sea-info.mk, www.ohrid.gov.mk и www.mtc.gov.mk.
ЈП за државни патишта ги повикува сите заинтересирани институции, невладини организации и поединци да присуствуваат на јавната расправа.