Субвенции за работодавачите за вработување приматели на социјална помош

На владина седница беа усвоени предлози за измена и дополнување на законите за вработување и социјална поддршка во случај на невработеност, со цел да се поттикнат компаниите и работодавачите за вработување на приматели на социјална помош.

Со нив е предвидено секој работодавач доколку се одлучи да вработи примател на социјална помош, во следните 24 месеци да биде субвенциониран со дел од средствата, кои ги добивало лицето како социјална помош.

Како што беше појаснето на седницата доколку примателот на социјална помош добивал по 3.000 денари месечно, кога ќе се вработи неговиот работодавач во следните 24 месеци ќе добива по 2.400 денари субвенција.