Католички Божик – неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Македонија

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, утре, 25 декември (среда), првиот ден на Божик е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на  граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија им го честита празникот Божик.