Најмалку 10 лица загинаа при превртување на турски воен брод во водите на Егејско Море, соопшти турската војска.
Осум загинати биле припадници на армијата, додека пак другите двајца биле цивили.
При несреќата повредени се уште 17 припадници од воениот персонал.
Бродот се превртел откако по извршениот технички преглед во Измир бил вратен назад во морето. Причините за несреќата не се познати.