Честитка од премиерот Никола Груевски по повод католички Божик

Дозволете ми на сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија, од мое лично име и од име на Владата на Република Македонија, да Ви го честитам големиот христијански празник – Божиќ.

Ова е празник кој ја симболизира човечката толеранција, семејните вредности, човечкото милосрдие и взаемното разбирање. Ова се денови во кои различностите треба да зближуваат, вредностите кои не обединуваат да бидат силата со која се движиме и работиме, а добрината и почитувањето да се главниот двигател. Со Божиќ се слави раѓањето, како симболика на новиот живот кој значи нов почеток и надеж.

Овој празник е уште една можност да се потсетиме на вредностите на богоугодниот пат, да се потсетиме на потребата да бидеме достојни верници и чесни луѓе, да живееме скромно и правично, да владее мир и хармонија, да владее соработка и почитување, да ги негуваме семејните и традиционални вредности, да шириме радост, љубов и добрини. Таа верба нека не води и понатаму во нашиот личен живот, но и во нашата општествена улога да создадеме подобра иднина и поубав живот за сите наши граѓани.

Ви посакувам убави празнични денови, многу здравје, многу радост, успех и благосостојба во наредната 2014-та година.

Нека е честит и благословен големиот христијански празник – Божиќ !

ХРИСТОС СЕ РОДИ !